Можеби не е само летна авантура – Ако запознавте некого на одмор, постои шанса да се „роди“ љубов!

1 август, 20220
rsz_par_plaza_pixabay

Големи се шансите некогаш да сте имале летна романса или да познавате некој кој се вратил од одмор полн со впечатоци, а исто така и се заљубил.

Сосема е нормално да се случи ова, бидејќи летото е периодот кога запознаваме нови луѓе. За време на одмор или патување, логично е дека ќе сретнете многу нови луѓе. Исто така, во тој период сме многу поопуштени.

Кога нема толку многу напнатост, се намалуваат инхибициите кои постојат во секојдневниот живот и се зголемува шансата за влегување во врска. На одмор, исто така, сме поопуштени и носиме помалку облека. Всушност, извесен период излегуваме од секојдневната рутина.

Еволуционерните биолози би рекле дека сето горенаведено се однесувања кои го зголемуваат репродуктивниот успех, што според нив е и крајната цел на партнерските односи. Сепак, не сме сосема сигурни дека тоа е така.

Некогаш мажите, а понекогаш и жените едноставно очекуваат повеќе, или обратно – велат дека мислеле дека се заљубени, но всушност тоа било само заблуда.

Кога станува збор за летната романса, за неа е типична инстант страста или еротската привлечност, а тоа е сосема доволно за појава на занес, но сепак не е доволно за развој на она што овие истражувачи го нарекуваат „целосна љубов.“

Покрај страста, поддржувачите на оваа теорија велат дека за целосна љубов се потребни и блискост и лојалност.

Блискоста се однесува на чувството на интимност и поврзаност со партнерот. Лојалноста се состои од две одлуки: краткорочна одлука да го сакаш партнерот и долгорочна одлука да ја зачуваш таа љубов и да останеш со партнерот. Кога овие три работи (страст, лојалност и блискост) се во рамнотежа, зборуваме за целосна љубов.

Летните љубови навистина можат да започнат како романси засновани на страст. Меѓутоа, доколку почетниот еротски набој не прерасне во желба за понатамошно запознавање и развој на блискост и лојалност, тие можат да завршат тука.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *