
„Кортни изгледа како да доживеала страшна несреќа за време на пластична операција и последните 20 години ги поминала на операционата маса залудно обидувајќи се да ја поправи“, се вели во еден коментар.
Актерката Кортни Кокс (57), ѕвездата на популарната серија „Пријатели“, откако гостуваше во емисијата „The Graham Norton Show“, се најде на мета на критики.
Гледачите пред малите екрани го коментираа нејзиниот изглед, но и дека чудно се однесува и остава впечаток дека би била на друго место освен во шоуто.
Многумина на мрежите напишаа дека водителот бил многу пријатен и професионален, но дека интервјуто со актерката било тешко и многу чудно поради нејзиното однесување.




Видлива беше и промената на лицето на Кортни, па и овој пат имаше критики дека се предозирала со ботокс и дека, како што велат, претходно била многу поубава.
– Синоќа го гледав „The Graham Norton Show“ и Кортни Кокс изгледаше навистина чудно. Се уште изгледа како мила личност, но сега има чуден израз на лицето – гласеше еден од коментарите на социјалната мрежа Твитер.
„Што му направи на лицето“ „Кортни изгледа како да доживеала страшна несреќа за време на пластична операција и последните 20 години ги поминала на операционата маса залудно обидувајќи се да ја поправи“, напишале на споменатата мрежа.