Утринската рутина на Ирина Шајк: РУСКОТО БУДЕЊЕ ја затегнува кожата и го прави тенот сјаен, а не чини ни денар

7 февруари, 20220
profimedia-0638621131

Традиционален метод за убавина кој доаѓа од студената Русија

Руската манекенка и актерка Ирина Шајк е доказ дека традиционалните рецепти навистина функционираат.

Оваа триесет и петгодишна убавица, која се појави на насловните страници на бројни модни списанија, ја сподели својата мала тајна поради која нејзината кожа блеска и покрај многуте обврски на манекенката и недостатокот на време за долготрајни третмани, да биде здрава и хидрирана.

Криотерапијата на лицето, или поедноставно, третман со мраз, е еден од традиционалните руски методи за нега на кожата.

Овој третман ја стимулира циркулацијата во лицето, го намалува отокот, ја затегнува кожата и и дава природен сјај.

Процесот е исклучително едноставен – мразот се поминува преку кожата на лицето.

Ирина открила дека мразот го подготвува претходната вечер, а во него додава и краставици и камилица, чии хранливи состојки благотворно делуваат на кожата на лицето.

Why freezing your face can be great for your skin - Cult Beauty

Кога ќе се смири црвенилото, кое неминовно се појавува поради студот, Ирина на лицето мачка хидратантна крема, но не ги изостава вратот и деколтето.

После тоа, накратко го масира лицето со масажер, со што ја поттикнува дренажата, а потоа нанесува крем на пределот околу очите.

На крајот од третманот, моделот вели дека треба да напрскате мала количина термална вода, и да нанесете уште еден слој крема.

Изедначениот сјај, чистото лице без недостатоци и блескавиот тен на Ирина Шајк се најдобрите реклами за овој третман и секако добра причина да го пробате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi