Моќна домашна смеса: Се прави од само две состојки, а многу брзо ја елиминира желбата за СЛАТКО

popara16 јануари, 20221min00
Lan-2048x1363

Смесата се зема три дена, по што следи тридневна пауза

Не можете да одолеете на слатките?

Сте пробале сè, но на крајот секогаш попуштате и се вртите кон слатките грицки.

Премногу честото консумирање на слатки неминовно води до зголемување на телесната тежина.

Желбата за шеќер понекогаш е многу тешко да се потисне, но со помош на оваа домашна смеса и тоа е можно.

За подготовка ќе ви требаат 100 гр. ленено семе и 10 гр. каранфилче.

Подготовка:

Сè заедно сомелете во прав, во мелница за кафе или купете мелено во продавница за здрава храна.

Земајте 2 еднакви лажици секој ден, три дена. Прашокот можете да го додадете во варена храна, јогурт или кефир, а потоа да испиете чаша топла вода (најдобро е наутро).

Откако ќе ја земете оваа смеса три дена, направете пауза од 3 дена. Потоа повторете сè одново.

Оваа смеса треба да се консумира еден месец. Еве зошто:

Ленот е богат со влакна и малку јаглехидрати. Ова е веројатно најголемата придобивка од лененото семе. Влакната што ги содржи се слузави и се раствораат во вода и на тој начин продолжуваат да се движат несварени низ дигестивниот систем.

Кога ќе се изеде, лененото семе долго останува во цревата и на тој начин го спречува брзото распаѓање, што доведува до зголемена апсорпција на состојките и подолго чувство на ситост, но и ја намалува потребата за шеќер.

Каранфилчето ја намалува надуеноста и е моќен антиоксиданс, а истовремено го држи нивото на шеќер во крвта под контрола.