„Му покажа на светот дека е жена од крв и месо“: Вереницата на Роналдо во бикини и не ги крие стомакот, стриите и целулитот

popara29 јуни, 20221min00
profimedia-0629896455-830x0

Џорџина Родригез и Роналдо уживаат во семејната идила и заслужениот одмор на Ибица, а папарацо фотографите го уловија парот на нивната луксузна јахта во моменти на релаксација, сончање и капење.

И додека фудбалерот гордо ги покажуваше извајаните стомачни мускули, неговиот избраник го воодушеви целиот свет со слика во микро црни бикини. Она што најмногу привлече внимание е секако фактот дека таа немала проблем да покаже како навистина изгледа.

Имено, свршеницата на познатиот фудбалер на целиот свет му покажа дека и таа може да има надуен стомак, да има стрии и дека нема проблеми со целулитот.

Се на се, таа откри дека според фановите е „вистинска жена од крв и месо“ и дека иако се труди да изгледа совршено во секоја ситуација, одвреме-навреме си дозволува да ужива во својот природен изглед.

Да потсетиме, убавата инфлуенсерка и свршеницата на Роналд се породи на 18 април годинава, на свет донела девојче Бела Есмералда, додека, за жал, при породувањето го изгубила нејзиниот близнак – син.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma