Многу жени овде грешат: Ако имате ШИРОКИ КОЛКОВИ, избегнувајте ја оваа облека!

29 јуни, 20220
shutterstock_1716327670

Кога жената има помал обем на гради од обемот на колковите, велиме дека има фигура во облик на круша.

За голем број мажи овој тип на градбае неверојатно привлечен, но има жени кои воопшто не го сакаат овој тип на тело, па сакаат да изгледаат попропорционално, односно да ја намалат оваа видлива разлика.

Ако тоа е и ваша желба, би било добро да знаете која облека и додворува на вашата фигура за да ја направите попропорционална. Од друга страна, треба да знаете и која облека претерано го нагласува овој вид на градба и прави да изгледате уште помалку пропорционално.

Се препорачува да носите облека што ја придружува вашата фигура. На пример, здолништа и фустани во А-линија и широки панталони. Предноста на пошироките панталони е што половината ќе ви биде визуелно помала.

Што се однесува до обувките, ви одговараат модели со зашилен врв, како класичните салонки.

Кога зборуваме за облека што треба да ја избегнувате, имајте на ум дека воопшто не мора да ги следите овие правила, доколку генерално ви се допаѓа вашето тело.

Светли панталони и фармерки, на пример, не се добри за вас. Генерално, секое парче посветли бои на долниот дел од телото само дополнително ќе ја нагласи вашата градба.

Не се препорачуваат ниту претесни модели бидејќи ги истакнуваат колковите. Појасот секогаш ставајте го на половината, а не на колковите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *