НАГЛАСЕТЕ ГО СТРУКОТ: Како да носите еден од најпопуларните модни детали оваа сезона!

16 јануари, 20220
2868657_3_ls

Модната сезона есен/зима ни донесе многу интересни модни додатоци, а ременот за струк е можеби еден од омилените!

Обично го носиме класично со фармерки и панталони, го користиме чисто функционално и по потреба, но сега успешно се префрли на струкот на другите облеки: се носи преку блејзери, дебели џемпери и долги фустани, па дури и над капути, и остава убав и модерен впечаток.

kajš

* Освен класичната кафена и црна, оваа сезона особено во тренд е ременот со животински принт.

* Ременот одлично го истакнува женското тело, го истакнува најтесниот дел од него и визуелно создава форма на песочен часовник – токму она кон што се стремат сите жени.kajš

* Истиот ремен можете да го носите и на панталони или здолниште со висок струк, со што дополнително ќе ја нагласите виткоста или да ја зачините комбинацијата.

* Слободно искомбинирајте го ременот со сако. Карираните модели се дефинитивно хит, а ременот над него одлично се вклопува во овој тренд.

kajš

Во секој случај, добриот ремен е секогаш добра инвестиција, а доколку се чувствувате доволно храбри да експериментирате со трендовите, дефинитивно ви предлагаме да изберете барем еден модел со интересна боја или со необичен дезен или една боја со убава впечатлива тока.

kajš

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi