
Обрнете внимание на неколку важни детали
Кога секојдневно применуваме погрешна рутина, логично е дека мора да има последици.
Една од тие секојдневни рутини е миењето на лицето.
Автоматско дејство кое не бара премногу размислување, нели?
Погрешно, бидејќи многумина прават големи грешки токму тука.
- Не го миете лицето редовно
Некои луѓе не го мијат лицето секој ден бидејќи мислат дека тоа ќе ги отстрани природните масла кои ја штитат и навлажнуваат кожата. Тоа на некој начин е вистина.
Меѓутоа, ако не се миете редовно, вишокот маснотии се акумулира на кожата, што може да предизвика воспаление и акни. Лицето треба да се мие секој ден, а понекогаш и до два пати на ден.

- Ги користите истите производи и во лето и во зима
Имено, во летниот период треба да користите посилни производи за чистење на лицето кои пенат. Можете да ги користите и оние со салицилна киселина ако имате проблеми со акните.
Во зима користете понежни гелови за чистење кои немаат толку многу сапун во себе. Имено, во зима ви треба подобра заштитна бариера бидејќи кожата е изложена на студ.
- Агресивни сте кон кожата
Ако премногу често користите производи за чистење на лицето во комбинација со други груби методи за чистење, можете да го отстраните природниот заштитен слој на кожата.
Потоа станува иритирана, чувствителна на надворешни влијанија, шминка и подложна на воспаленија.