Вашата коса ќе биде поздрава, поубава и сјајна
Маски со јајца за нега на коса користеле и нашите баби. Јајцата се богати со витамини А, Е, Д, Б2, Б5, Б12, железо, фосфор, протеини, биотин, холин и лутеин. Затоа, тие се многу корисни за одржување на здравјето на нашата коса. Тие се одличен избор и за обновување на оштетената коса.
Се што ви треба се:
2 јајца
2 лажици маслиново масло
Маслиновото масло е богато со масни киселини и антиоксиданси кои го негуваат и стимулираат растот на косата.
Кога ќе ги споите овие две состојки во похомогена смеса, добро втријте во скалпот, но нанесете и на целата должина на косата. Се препорачува извесно време нежно да го масирате скалпот со врвовите на прстите.
Потоа оставете да отстои околу 20 минути, па исплакнете. Оваа маска се препорачува да се нанесува еднаш неделно.