НАПРАВЕТЕ САПУН ОД СОДА БИКАРБОНА! Ги отстранува воспалителните процеси, ја чисти кожата и ја остава прекрасно мека!

popara1 септември, 20221min00
436041_neven-nega_f

Доколку сакате најдобра нега за вашето тело, тоа ќе го постигнете со домашен сапун со сода бикарбона

Нема сомнеж дека сода бикарбоната е едно од најуниверзалните средства, што е практично незаменливо во секое домаќинство.

Има повеќенаменска примена, па можете да го користите за да ги отпуштите одводите, да ги отстраните непријатните мириси од фрижидерот и да ги исчистите загорените тави.

Меѓутоа, освен за чистење во домаќинството, сода бикарбоната се користи и во негата на телото, па од неа можете да направите одличен сапун кој отстранува многу воспалителни процеси.

Состојки:

кастилски сапун (455 гр) (можете да го најдете во подобро снабдени аптеки)

455 гр сода бикарбона

5 гр екстракт од овес

95 мл дестилирана вода

неколку капки есенцијално масло по желба

5 гр овесни снегулки

Подготовка:

Кастилскиот сапун изрендајте го за полесно да се стопи, па растопете го на пареа. Измешајте ја сода бикарбоната со дестилираната вода, додадете ја во сапунот и добро измешајте додека полека се топи. Додадете екстракт од овес и есенцијално масло и добро измешајте.

На смесата и се потребни околу 20 минути за да се стопи во конзистентност слична на паста. Потребно е постепено да се промешува смесата, а по потреба се додава и малку вода.

Кога ќе се добие смеса слична на паста, префрлете ја во силиконски калап и одозгора ставете овесни снегулки. Извадете го сапунот од калапот по 2-3 дена и исечете го во саканата големина.