Научете го овој ТРИК и ќе ни бидете благодарни: Еве како да се ослободите од МИРИСОТ на храна во пластичните садови

popara15 август, 20221min00
34727_shutterstock-1033349248_f

Пластичните садови за храна се исклучително корисни, но за жал имаат еден недостаток – прилично силно ги апсорбираат мирисите од храната во нив.

И покрај чистењето, мирисот на садот може да остане долго време. Што да направите за ефикасно да се ослободите од мирисот? Доволна е една работа.

Овој мирис може да го промени и да го расипе вкусот на храната во садот.

За среќа, постои прилично едноставен начин да се отстрани мирисот од пластиката. Интересно е што овој патент ќе работи и во фрижидер. Се што ви треба е обичен црно-бел весник.

Внимателно стуткајте парче весник во топка и ставете го во садот. Ако мирисот е интензивен, заменувајте го весникот на секои неколку часа. Најдобро е да го оставите весникот преку ноќ за да ги впие преостанатите ароми и влага од садот. Во зависност од големината на садот, прилагодете ја количината на весник, поентата е страницата да го исполнува речиси целиот сад.