Научниците и денес се вчудоневидени: Неверојатниот изгубен град кој го проголтала џунглата

popara24 декември, 20222min00
62446632-sigiriya

Времето ги лекува раните е позната поговорка. Но, времето води и до заборавање на некои работи, вклучувајќи ги и некогашните големи и моќни градови, е исто така заклучок што може да се наведе. Оваа приказна е за еден таков град.

Во срцето на Шри Ланка се наоѓа градот Сигирија и како што сугерира неговото име (преведено како „мала карпа“), изграден на карпата Лав, висока 180 метри, на 360 метри надморска височина. Поради софистицираното урбанистичко планирање, градот е предмет на восхит на денешните научници.

Тоа било политички центар на Шри Ланка век и половина, а денес добро сочуваните урнатини се популарна туристичка дестинација.

Изграден е во 5 век за време на владеењето на кралот Касјапа како тврдина која содржи кралска палата, водни градини, ботанички градини и будистички храм. Како точно ваква структура била изградена на врвот на карпа во време без технологија, останува мистерија, а локалните легенди велат дека боговите ја изградиле како палата на небото.

Подоцна, местото било населено со будистички свештеници додека и тие не заминале, а градот останал заборавен во историјата во периодот помеѓу 1155 и 1831 година и ја доживеал судбината да биде проголтан од џунглата.

Повторно беше откриен од европските истражувачи на почетокот на 19 век, а историчарите и археолозите неуморно работеа за да го зачуваат местото што е можно подобро. Во 1982 година е вклучен во културното наследство на УНЕСКО, а во 2009 година е отворен Музејот Сигирија, кој опфаќа тридецениски археолошки студии.

Градот се наоѓа на три часа од главниот град на Шри Ланка, Коломбо и е отворен за туристи секој ден. По качувањето на 1.250 скалила кои завршуваат со поминување меѓу шепите на камениот лав, посетителите можат со часови да го истражуваат овој фантастичен споменик на архитектурата и изградбата на древна цивилизација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag