НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА! Ако го имате последниот оброк во ова време, побрзо ќе ослабете и ќе го подобрите здравјето на срцето!

5 јуни, 20220
351852_dijeta_f

Истражувањата покажаа дека порано консумирање храна помага за подобро регулирање на апетитот

За слабеење подобро е отфрлањето на вечерата отколку прескокнувањето на појадокот, велат експертите.

Научниците анализирале 250 студии кои го проучувале времето во кое луѓето јадат и неговото влијание врз апетитот и губењето килограми.

Заклучиле дека јадењето на последниот оброк, пред 15 часот, е најдобриот начин за губење на вишокот килограми.

Временски ограничените диети, каде што луѓето кои сакаат да ослабат јадат во определен период, стануваат сè попопуларни.

Сепак, истражувањата покажуваат дека избегнувањето оброци навечер е поефикасно од прескокнувањето на појадокот.

Д-р Кортни Петерсон од Универзитетот во Алабама, САД, вели:

– Периодот кога сме најбудни, произведуваме најмногу тестостерон и кога повеќето луѓе имаат најдобра контрола на шеќерот во крвта, е наутро. Значи, вашиот метаболизам е некако оптимизиран (за исхрана).

Нејзиниот тим, исто така, откри дека волонтерите се помалку гладни кога јадат помеѓу 8 и 14 часот.

Велат дека тоа докажува дека порано јадење помага за подобро регулирање на апетитот.

Посебно истражување, кај дебелите мажи, покажа дека последниот оброк пред 15 часот го подобрува и здравјето на срцето.

Резултатите од истражувањето биле претставени на Европскиот конгрес за дебелина во Мастрихт, Холандија, пренесува „thesun.co.uk“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi