НАЈДОБРАТА фризура за жени кои НЕ САКААТ да се ФЕНИРААТ (ФОТО)

popara15 август, 20221min00
595525_seda-kosa_f

Високите летни температури ги наведуваат жените да бараат фризури кои лесно се одржуваат. Затоа се повеќе жени прават скандинавски бранови кои не треба да се фенираат.

Дури и кога не е лето, жените не се воодушевени од идејата за сушење со фен, а жештината им ја отежнува ситуацијата.

– Изгледот на фризурата е помалку стилизиран, пофлуиден и опуштен – вели стилистот на славните Сид Хејс.

– Само обидете се да го задржите волуменот на коренот, бидејќи косата не треба да биде премногу права.

„Измијте ја косата навечер, а потоа сплетете ја. Направете повеќе плетенки со потенки прамени за да создадете повеќе мали бранови кои ќе ве потсетуваат на фризурата што ја имаат сирените од бајките.

Наутро внимателно отплетете ја косата и благо испрскајте ја со лак. Внимавајте да не претерувате со количината на лак, за косата да не изгледа залепено.

Брзо и лесно ќе имате модерна фризура која нема да ви одземе многу време.