НАЈДОБРИТЕ НАМИРНИЦИ ЗА ЗДРАВ ПОЈАДОК! Ако се храните вака, ќе имате многу енергија!

19 март, 20220
498536_visual-stories-micheile-bb2cxd5lx6q-unsplash_f

Здравата исхрана доведува до живот со повеќе енергија и помалку здравствени проблеми. Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши.

Ова се најдобрите намирници за здрав појадок.

Овес

Овесна каша со јогурт со малку маснотии или млеко се одличен избор за добро утро. Овесот содржи бета-глукан, еден вид влакна кои помагаат во намалувањето на холестеролот и е богат со омега-3 масни киселини и калиум. За подобар вкус на оброкот, додадете мед или грст јаткасти плодови.

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е немастен, кремаст и полн со калциум. Неговата содржина на протеини е двојно поголема од вообичаеното, па дава дополнителна сила и се препорачува во комбинација со овошје.

Путер од бадеми

Бадемовиот путер е одличен алтернативен извор на протеини и мононезаситени масти. Содржи 100 калории по лажица, а нутриционистите го препорачуваат како намаз на интегрален леб или во комбинација со банана.

Ленено семе

Чинија ленено семе за појадок ви обезбедува доволна количина на омега-3 масни киселини за здраво срце и го чисти телото од токсини. Научете како да подготвувате ленено семе и вклучете го во вашата исхрана уште од рано наутро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi