НАЈДОБРОТО ОТКРИТИЕ ДОСЕГА! Ладниот туш ќе ви помогне да ослабете!

popara2 јули, 20221min00
131739_2288-web_f

Истражувањата покажаа дека студот може да помогне при слабеење

Ладниот туш може да им помогне на дебелите луѓе да ослабат, покажуваат истражувањата.

Откриено е дека температурата од 4 степени го подобрува метаболизмот.

Истражувачите хранеле глувци со храна богата со масти. Некои од дебелите глодари биле изложени на температура од околу 4 Целзиусови степени, додека други биле чувани на температура каде што телото нема потреба да произведува топлина.

Научниците открија дека престојот на студ помага во воспаленијата, предизвикани од дебелината и ја подобрува употребата на гликоза во телото, намалувајќи го шеќерот во крвта.

Тежината на глувците се намалила во споредба со оние кои не биле изложени на студ. Оваа студија од Бостон, САД, е објавена во списанието „Nature Metabolism“.

Професорот Лу-Хуа Ценг рече:

– Изложеноста на студ го намалува воспалението и го подобрува метаболизмот кај дебелината.