Базиликата Св. Иван Латеран е најстарата базилика во Рим, а во исто време и една од најстарите и најголемите цркви во градот. Основана е во 324 година, но забот на времето и двата големи пожари во 14 век ја оштетиле, па во 17 век започнал процесот на реставрација, по што добила денешниот изглед.
Туристите се импресионирани од нејзиниот изглед, препознатлив по бројните статуи на покривот, како и луксузниот ентериер, но она што малкумина го препознаваат е значењето на еден мал детал до него.
Добро, не е толку мал детал. Огромниот обелиск сместен во нејзина близина се нарекува Латерански обелиск и е постар дури и од самата базилика. Згора на тоа, научниците проценуваат дека тоа е најстариот споменик во градот Рим. Обелискот пристигнал во денешна Италија од Египет, а се смета за најголемиот антички обелиск откриен досега. Првично беше висок 32 метри и тежок дури 455 тони.
За неговата „испорака“ биле задолжени дури три брода со стотина веслачи бидејќи каменот од кој бил направен бил страшно тежок – самиот потфат веќе сам по себе бил монументален. Два брода го носеле споменикот додека третиот пловел пред и меѓу нив за да ги „скрши“ брановите.
Изработен е од црвен гранит и е препознатлив по хиероглифите кои го красат и пирамидалниот врв кој носи крст. Во тоа време, обелиск бил поврзан со култот на богот на Сонцето, што го навело римскиот император Август да го донесе во Рим во 10 п.н.е. Интересно е што освојувачите пред него не се обиделе да го земат тој споменик бидејќи мислеле дека со тоа ќе ги навредат боговите на кои е посветен.
Во античко време, обелисите обично доаѓале во парови, но овој стоел сам. Градот Карнак, од каде што потекнува, е познат по урнатините на комплексот храмови кои биле посветени на боговите Амон, Озирис, Мон и други, а денес се дел од светското наследство на УНЕСКО. Тука е создаден обелискот, но со текот на времето е префрлен во Александрија од каде конечно ќе биде преместен во „вечниот град“…