На првата среда по американскиот национален празник Денот на благодарноста, од 1933 година традиционално се палат светилките на елката пред Рокфелер центарот во Њујорк.
Многумина ја сметаат за најубавата елка на светот, а оваа година норвешкиот бор го избра лично Ерик Паузе, главниот градинар на комплексот кој се состои од дури деветнаесет ката и зафаќа површина од речиси девет хектари, помеѓу 48-та и 51-вата улица во Менхетен.
Изградбата на комплексот започна во 1930 година по налог на тогаш најбогатото семејство во светот, а во 1987 година Центарот Рокфелер беше вклучен во списокот на национални знаменитости на САД.
Борот е висок 25 метри, купен е во Квинсбери и се смета за една од најголемите божиќни атракции во американската метропола и омилено место за селфи на жителите на градот и неговите посетители.
Украсена е со дури 50.000 светилки, поврзани со жица во должина од осум километри. Нејзиниот врв е украсен со ѕвезда направена од три милиони кристали Сваровски, кои тежат вкупно 450 килограми, а нејзината цена се проценува на еден и пол милион долари.
Главните ѕвезди на овогодинешното осветлување на светилките беа кантавторката Кетрин Мекфи и нејзиниот сопруг, легендарниот канадски музичар Дејвид Фостер, добитник на 16 Греми награди.