НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ФАТЕНА БЕЗ ШМИНКА: Дали е можно вака да изгледа во живо?

popara31 јули, 20221min00
288093_prijanka-copra_ls

Индиската актерка и поранешна Мис на светот Пријанка Чопра неодамна го прослави својот 40-ти роденден, а сега папараците ја уловија на улица во лежерно издание.

Познатата индиска актерка Пријанка Чопра (40) неодамна беше фотографирана на улиците на Беверли Хилс додека се враќала од деловен состанок, а за таа прилика ја изненади јавноста со опуштено, лежерно издание во кое ретко имаме можност да ја видиме.

Таа се појави во фармерки, кошула со пруги, бели патики, додека на лицето немаше ни грам шминка, а косата и беше малку неуредна и врзана во пунџа.

Можеби Пријанка во ова издание не наликува на жената која во 2000 година ја освои титулата Мис на светот и беше прогласена за најубава жена на светот, не можеме да негираме дека изгледа негувано и младешки, јасно е зошто се трансформира во убавица со мала помош од шминкер.

288083_profimedia0709224542_ff
288085_profimedia0709224242_ff
288087_profimedia0709224333_ff
288089_profimedia0709224226_ff
288093_prijanka-copra_ls

Како што истакна, научила да се сака целосно, иако веќе две децении важи за една од најубавите жени на планетата.

„Порано, секогаш чувствував притисок да изгледам на одреден начин. Целиот мој живот сум воспитувана со нереални стандарди за убавина – сите сме. Растејќи верував дека сè мора да биде совршено, дека морам да бидам слаба и да носам одредена големина, за бидам „испеглана“. Ми требаше време да се помирам со природната состојба на мојата кожа и својата природна коса“, вели глумицата.

Во подкастот „VS Voices“, Чопра еднаш се присети на „темната фаза“ од нејзиниот живот откако во 30-тите се здебелила неколку килограми, а потоа се соочила со остри критики.

„Ги јадев своите емоции. Телото почна да ми се менува, влегов во 30-тите. Поминав низ голема борба бидејќи на интернет добивав навреди како: „Изгледаш поинаку“, „старееш“ и многу други слични работи. Тоа ми направи неред во главата. Очигледно, пораснав во индустрија каде што имав толку тесен поглед на обликот на моето тело, каква е мојата фигура или какви се моите мерки. Во моите 20-ти мислев дека тоа е нормално, објасни оваа 40-годишничка.