НЕКОГАШНИОТ УБАВЕЦ ЌЕ ГЛУМИ МАЖ ОД 270 КИЛА: Со години се бори со вишокот, денес е тешко да го препознаете

20 јануари, 20220
Brendan-Fraser

Брендан Фрејзер во Глазгов снима сцени за филмот „Batgirl“ во кој глуми негативец.

Американско-канадскиот актер Брендан Фрејзер снима сцени во Глазгов, Шкотска за филмот „Batgirl“ во кој го игра негативецот Firefly, психопат опседнат со подметнување пожари.

Актерот кој некогаш беше познат како секс симбол во Холивуд и по кој жените беа луди, сега има 53 години и е речиси непрепознатлив. Мускулите што го красеа во филмовите „Џорџ од џунглата“ и „Мумијата“ ги нема. Неговата долга коса е многу пократка, а почна и да се проретчува.

Brendan Fraser duže je vrijeme pauzirao s karijerom

Актерот исто така долго време паузираше од кариерата, па многумина беа изненадени од неговото враќање со филмот „The Sudden Move“, а во филмот „The Whale“ глуми човек тежок 270 килограми.

Фрејзер по големиот подем во Холивуд немаше многу среќен живот. Тој ги помина првите неколку години откако јавноста не можеше да го види, обидувајќи се да се опорави од повредите што ги доби за време на едно снимање. Инаку, актерот снимаше многу тешки акциони сцени без помош на каскадер и тоа остави трага на неговото тело.

Brendan Fraser bolnice je obilazio sedam godina

Меѓу другото, тој морал да направи ламинектомија, операција при која се отстранува дел од пршленот, а бидејќи не успеала од првиот пат, морал да ја повтори следната година. Потоа направил операција на коленото, уште една операција на грбот и операција на гласните жици. Севкупно, помина седум години по болници.

Меѓутоа, здравствените проблеми не беа единственото нешто што го мачело. Тој откри дека доживеал голема траума кога бил сексуално злоставуван во летото 2003 година од влијателниот новинар Филип Берк.

„Со раката ме фати за задникот и со едниот прст го допираше моето меѓуножје. Ми се слоши. Се чувствував како мало дете, како да имам кнедла во грлото. Мислев дека ќе почнам да плачам“, рече тој во едно интервју.

По тој настан се повлекол во себе и, вели, се чувствувал депресивно и непожелно. Тој додаде дека му требало долго време да зборува за инцидентот: „Се плашев од понижување, но и дека тоа ќе ми ја уништи кариерата“. Покрај тоа, во 2007 година доживеа тежок развод од актерката Афтон Смит, со која беше во брак од 1998 година и со која има три деца, а тешко му паднала и смртта на мајка му во 2016 година.

Погледнете ја галеријата за да видите како изгледа актерот денес.

Screenshot 2022-01-20 141108
Screenshot 2022-01-20 141137
Screenshot 2022-01-20 141157

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi