Брендан Фрејзер некогаш беше еден од омилените актери на Холивуд и познат како голем заводник, а сега кога конечно се врати на актерството по долга пауза, тешко е да се препознае.
Некогаш омилениот актер Брендан Фрејзер повторно се враќа на екранот. Откако со години не можевме да го видиме во ниту еден блокбастер, што во 2018 година го објасни со тоа што беше на „црната листа на Холивуд“, познатиот „Џорџ од џунглата“ сега публиката ќе го види во драмата „Кит“ на Дарен Аронофски.
Фрејзер глуми екстремно гојазен човек кој се обидува да се зближи и повторно да се поврзе со својата 17-годишна ќерка. Сега конечно сите можат да ги видат првите кадри и трансформацијата на актерот е, во најмала рака, неверојатна. Двајцата се оддалечиле откако Чарли го напуштил семејството за неговиот нов геј партнер, кој подоцна починал. Ликот на Фрејзер тогаш почнал да се прејадува поради болка и чувство на вина и станал морбидно дебел.
Инаку, филмот годинава ќе ја има својата премиера на фестивалот во Венеција, по што ќе се прикажува во кината ширум светот. Со него во филмот ќе игра и Сејди Синк, која публиката ја засака во популарната серија „Stranger Things“, а засега критичарите се позитивно настроени.
„Тоа ќе биде нешто што никогаш претходно не сте имале можност да го видите“, изјави Фрејзер за „Unilad“ минатата година.
„Гардеробата, костимот… се е беспрекорно, гломазно… Ова е далеку од се што сум направил, но да не бидам скромен – знам дека ќе има голем одзив во јавноста“.