НЕКОИ СИГУРНО ВЕЌЕ ГИ ИМАТЕ ДОМА Пет намирници кои длабински ќе ја нахранат вашата коса

29 април, 20220
Screenshot_5

Од еден куп препарати се заситуваат косата и скалпот со кои ги третираме, а потоа ни треба благ раствор кој ќе придонесе косата да одмори.

 

Сите жени сакаат бујна, свиленкаста, сјајна и здрава коса.

 

Во последно време се повеќе жени се свртуваат кон препаратите кои потекнуваат од природата, бидејќи не содржат никакви штетни состојки.

 

За убава и негувана коса не ви се потребни посебни третмани во салон или скапи шампони и регенератори.

 

Природната нега на косата е добра, како за изгледот на косата, така и за подобар изглед и здравје на скалпот.

 

Сѐ што треба да направите е да погледнете наоколу и да ја пронајдете храната од која ќе направите маска за коса.

 

Една од најпопуларните природни маски е онаа со квасец.Една коцка квасец промешајте со малку млеко (лажичка или две), само додека смесата да стане кремаста.Додадете една лажица мед и една лажица маслиново масло. Сето ова изматете го добро и нанесете го на косата, по целата должина.

 

Други намирници што можете да ги користите за нега на коса се:

  1. Коњак

 

Ефект: Ја храни косата, го забрзува протокот на крв во скалпот

 

Маска: 2 лажици коњак, 2 жолчки, 2 лажици маслиново масло

 

Употреба: Измешајте ги сите состојки и ставете на косата, а потоа ставете крпа на главата што ќе ја држите 40 до 50 минути, а потоа исплакнете со топла или млака вода.

 

  1. Пиво

Ефект: Ја зацврстува косата и ѝ дава дополнителен сјај

 

Маска: 100 мл пиво, 2 жолчки

 

Употреба: Масирајте во коренот на косата, а потоа со рацете истегнете ја маската низ косата. Држете на глава 30 минути, а потоа исплакнете.

 

3.Мед

 

Ефект: Ја враќа сувата и кршлива коса, ја храни и ѝдава сила и сјај

 

Маска: 3 лажици мед, 2 изматени цели јајца

 

Употреба: Ставете ја косата и ставете пластична капа на главата. Држете еден час и потоа исплакнете.

 

  1. Желатин

 

Ефект: Ѝ дава волумен на косата по фарбањето, ги враќа испуканите врвови, ѝ дава дополнителен волумен на тенката коса

 

Маска: 2 лажички желатин, една лажица шампон за коса

 

Употреба: масирајте ја маската во косата и оставете ја 5 минути, а потоа исплакнете со топла или млака вода.

 

  1. Авокадо

 

Ефект: Додава волумен

 

Маска: 1 авокадо, 1 банана, 1 лажица маслиново масло

 

Употреба: Маската масирајте ја во коренот, па низ косата. Ставете пластична капа на косата и потоа завиткајте ја во крпа (топлината е важна). Оставете на главата 30 минути, а потоа исплакнете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi