Нема ни капка масло и е многу ЕФТИНО: Маринирани стапчиња од тиквичка кои воодушевуваат со вкусот

popara3 јули, 20221min00
234913_59294-tikvice-ff_ff

Состојки:

1 голема тиквичка
2 лажици палента
сол
Малку сув зачин
Малку црвена мелена слатка пиперка
Малку оригано

Подготовка:

Тиквичката треба да ја излупите, па да ја исечете на стапчиња со еднаква должина и ширина, а по желба исчистете ги и семките.

После тоа, време е да ја подготвите смесата во која ќе ги виткате тиквичките.

Измешајте палента, сув зачин, мелен црвен пипер и малку оригано. Во сето ова ролајте ги тиквичките и наредете ги во плех.

Печете на 200 степени додека не поруменат, приближно 30 минути.

Пријатно!