Необична глетка: Денот кога во Аргентина е дозволено да фрлате работи низ прозор

popara15 декември, 20221min00
62163113

Доколку се најдете на улиците на Буенос Аирес на новогодишната ноќ, подгответе се за следнава глетка: улици преполни со стуткани и исечени хартии кои Аргентинците ги фрлаат низ прозорецот.

И не, не се работи за вандализам, загадување на животната средина, небрежност, па дури и конфети, што би било логично… Кога ќе ја дознаете причината, веројатно ќе сакате да им се придружите или да го воведете овој обичај на вашата земја.

Имено, работниците кои во пресрет на Нова година работат во разни фирми низ прозорец фрлаат лоша енергија и стари работи – па низ нив летаат разни потсетници, белешки, документи… Се што повеќе не е потребно и што зафаќа простор.

Како и обично, реакциите се страсни. Дел од Аргентинците уживаат во оваа традиција и самите учествуваат во неа, но ќе ги најдете и оние на кои оваа традиција им е одбивна и ја сметаат за неред во градот. Претпоставуваме дека меѓу нив има и работници за чистење на градот кои во наредните денови ќе имаат полни раце работа.

Ова ја симболизира желбата да се влезе во новата година со чисто биро – односно чист ум – и подготвен за нови предизвици. Само не ги фрлајте вашите папки (или дури и вашиот лаптоп) низ прозорецот на работа денес, бидејќи ние нема да бидеме одговорни за тоа. Само пренесуваме разни идеи, култури и обичаи 😉

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma