Необично натпреварување во Финска – Колку е потешка дамата, толку е поголема наградата!

7 август, 20220
nosenje-supruga-yt

Финска е земја полна со бизарни натпревари и фестивали, а секоја година во август, во гратчето Сонкајарви се одржува необично натпреварување, наречено Светско првенство во носење сопруги.

Илјадници гости, главно брачни парови, доаѓаат во овој мал езерски град. Натпреварувачите разменуваат жени, кои не смеат да бидат помлади од 17 години. Мажите ги земаат своите или туѓите „жени“ и учествуваат во трката со нив во рацете.

Победниците добиваат онолку пиво, колку што тежи дамата.

Неколку години по ред на овој несекојдневен шампионат триумфираа гости од Естонија.

Големата НБА кошаркарска ѕвезда, Денис Родман пред една година учествуваше на овој фестивал во Финска. Сепак, Родман не се натпреваруваше, ниту јавно носеше нечија сопруга во раце за време на фестивалот.

Во секој случај, од година во година Светското првенство во носење сопруги, има се повеќе фанови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *