Не звучи баш привлечно, но може да биде многу корисно за здравјето – Еве зошто е добро денот да го започнете со ладен туш

popara4 август, 20221min00
2818115_shutterstock-1134771992_ls

Оваа навика, доколку се практикува секојдневно најмалку 30 секунди, ќе го активира вашиот имунолошки, лимфен и дигестивен систем, ќе ја забрза циркулацијата и метаболизмот.

Ладниот туш можеби не звучи многу привлечно, но може да биде многу корисен за здравјето и на телото и на умот.

Ако ладниот туш стане дел од вашите редовни навики, може да го подобри одговорот на имунолошкиот систем во борбата против болестите. Утврдено е дека изложувањето на студ помага при активирање на белите крвни зрнца, т.е. лимфоцити во телото. Овие клетки играат многу важна улога во борбата против болестите.

Го намалува стресот 

Можеби звучи чудно што ладниот туш може да го подобри расположението, но студиите покажаа дека учесниците кои секојдневно се туширале со ладен туш биле подобро расположени. Истражувачите веруваат дека овој позитивен ефект се должи на ладната вода што го зголемува нивото на ендорфин и серотонин.

Подобaр е од кофеинот

Температурниот шок што го чувствувате од ладниот туш го зголемува пулсот, што пак ја ослободува и стимулира циркулацијата на крвта низ телото и ја зголемува будноста.

Ја подобрува циркулацијата на лимфата

Го регулира лимфниот систем составен од мрежа на лимфни садови, кои му помагаат на телото да се исчисти од бактерии и микроби. Кога се туширате со ладна вода, лимфните садови се собираат и го подобруваат протокот на лимфата во телото, а со тоа ги отстрануваат насобраните штетни материи.

Го забрзува метаболизмот

Ја зголемува активноста на „кафеавата маст“, ​​метаболички активен тип на маснотии што трошат енергија. Кафеавата маст, за разлика од жолтата, го забрзува метаболизмот и на тој начин обезбедува помал ризик од дебелеење.

Ја подобрува функцијата на мозокот

Со оглед на тоа дека ладниот туш го зголемува нивото на ендорфин и серотонин, не е ни чудо што ја подобрува моќта на мозокот и когнитивната функција.