Израстокот се појавува приближно две недели по бојадисувањето на косата. Повеќето дами веднаш прибегнуваат кон повторно бојадисувањео, што може да има исклучително лошо влијание на косата.
Наместо тоа, постојат два едноставни трикови, со кои можете да го камуфлирате израстокот и на тој начин да го одложите бојадисувањето, за некое време.
Кој трик ќе го изберете зависи само од бојата на вашата коса.
Посветол израсток
Ако сте ја обоиле косата во нијанса потемна од вашата природна боја, тогаш може да ви помогне сенката за очи, по можност колку што е можно слична на бојата на вашата бојадисана коса. Со широка четка нанесете ја сенката на темето и покријте го израстокот на некое време.
Потемен израсток
Доколку, пак, сте ја обоиле косата во нијанса посветла од природната, бебешката пудра може да биде од помош. Покрај пудрата, добро решение може да биде и шампонот за суво миење на косата. Како и во претходниот случај, нанесете ја супстанцијата на косата со широка четка, како што е четката за руменило.
Дополнителен совет
На продажба можете да најдете и специјални препарати за прикривање на израстоци во форма на спреј или слични на маскара. Се произведуваат во различни нијанси, а го покриваат израстокот до следното миење на косата.