НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО ТЕЧНОСТИ 4 сигнали да пиете премногу вода

15 март, 20220
Screenshot 2022-03-15 192507

Постојано слушаме дека е важно да внесуваме доволно течности за нашето тело да функционира правилно. Но, не е добро ако пиете повеќе вода отколку што ви треба, бидејќи може да предизвика здравствени проблеми.

Ова се сигналите кои откриваат дека претерувате со количината на вода што ја пиете во текот на денот:

  1. Често одите во тоалет

Според лекарите на американската клиника „Кливленд“, нормално е да се оди во тоалет меѓу шест и осум пати на ден. Ако го правите ова повеќе од десет пати на ден, дури и кога станувате навечер, тогаш пиете повеќе течности во текот на денот отколку што му треба на вашето тело.

  1. Ви се гади

Ако бубрезите стигнат до точка каде што не можат да го ослободат вишокот течност од телото, водата се собира во телото. Ова може да предизвика голем број на непријатни симптоми, како што се гадење, повраќање и дијареа.

  1. Рацете и стапалата ви се постојано ладни

Луѓето кои пијат премногу течности може наеднаш да почнат да добиваат тежина поради оток и вишок вода во крвотокот. Кога вашите раце, стапала и усни одеднаш почнуваат да отекуваат или да ја променуваат бојата, тоа може да значи дека сте испиле повеќе вода во текот на денот отколку што ви треба.

  1. Уморни сте без причина

Поради големото количество течност во телото, бубрезите мора да работат понапорно за да се ослободат од вишокот. Тоа е стрес за телото, а потоа се чувствувате уморни иако не сте вежбале физички. Ова е знак дека треба да пиете помалку вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi