Не се работи само за крема и хидратација: СУВАТА КОЖА може да биде и симптом на 3 опасни болести

14 јуни, 20220
profimedia-0584210324

Добро погледнете го вашето тело

Сувата кожа обично се поврзува со слаба хидратација и лоша нега.

Сепак, сувата кожа и првутот не се секогаш прашање од естетска природа.

Дехидрацијата е секако непожелна состојба, но сувата кожа може да биде знак за влошување на болестите, па во некои случаи овој симптом не треба да се игнорира.

Овие здравствени проблеми може да се дијагностицираат со различни тестови на крв или урина, па затоа нема простор за страв. Сувата кожа не мора да укажува на ништо од наведеното, но доколку се појавува постојано и доколку оваа појава е придружена со други симптоми, ве советуваме да се консултирате со лекар.

  1. Дијабетес

Поради хронично високото ниво на шеќер во крвта, телото многу побрзо губи течност, поради што се дехидрира, што се манифестира и со сува кожа. Покрај тоа, дијабетесот може да го намали природното потење на кожата, што дополнително ја намалува нејзината влажност.

  1. Хипотироидизам

Хипотироидизмот е забавена работа на тироидната жлезда. Тироидната жлезда произведува хормони кои им овозможуваат на клетките на телото да работат со стабилно темпо. Кога нивото на хормоните станува премногу ниско, а сè друго почнува да се забавува, што може да биде придружено со постојани различни симптоми, и бидејќи тироидните хормони имаат рецептори во кожата и дозволуваат новите клетки постојано да ги заменуваат оние што умираат, кожата ќе стане посува и нема да биде мека и нежна како порано.

  1. Проблеми со бубрезите

Иако можат да укажуваат на безброј состојби, симптомите како постојан замор, отежната концентрација, проблеми со спиењето, често мокрење и надуеност, луѓето обично ги игнорираат. Ова се исто така симптоми на бубрежна болест.

Кога бубрезите ја губат способноста да одржуваат правилен баланс на минерали и хранливи материи во крвта, кожата станува посува, а оваа сувост понекогаш е придружена со чешање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi