НЕ СЕ САМО БЕМКИТЕ! Доктор открива 4 показатели за РАК НА КОЖАТА – на вториот најмалку обрнуваме внимание!

8 јуни, 20220
566015_melanom2_f

Специјалистот за кожа и коса Сем Зинкир идентификувал четири симптоми кои може да укажуваат на рак на кожата

Кога станува збор за кожата, постојат голем број рани предупредувачки знаци на кои треба да внимавате, а кои всушност може да укажуваат на присуство на рак.

Специјалистот за коса и кожа, Сем Цинкир открива четири работи на кои секој треба да внимава:

  1. Промени на бемки

– Многумина од нас имаат бемки, кои се генерално безопасни, но можат да бидат вообичаено место за развој на меланомот – објасни Сем и додаде:

– Важно е редовно да ги проверувате, за какви било промени што може да настанат. Обрнете внимание на асиметријата, рабовите, бојата, дијаметарот и развојот на бемката и побарајте совет од вашиот општ лекар доколку забележите какви било промени во овие карактеристики.

  1. Разлика во ноктите

– Ракот на кожата може да се развие насекаде во нашето тело, вклучувајќи ги и ноктите.

Меланомот може да се појави како темни дамки или ленти под нашите нокти и може да изгледа како некој да нацртал кафена линија по вашиот нокт

Кожата околу ноктот исто така може да стане потемна, а мала испакнатина или јазол одоздола, како и расцепување на ноктот, исто така може да бидат предупредувачки знак – изјави Сем.

  1. Чешање

Нормално е да имате чешање, а тоа може да биде предизвикано од било што, од парфеми, спрејови или дури и поленска треска.

Но, Сем предупреди дека ако имате постојано чешање, тогаш тоа би можело да биде аларм кога станува збор за рак – особено ако е покрај други клучни знаци.

Тој додаде дека овие симптоми често може да се помешаат со каснувања од инсекти, па затоа е клучно да се внимава на нив.

  1. Оштетување на видот

– Додека меланомите традиционално се појавуваат на нашата кожа, тие можат да се развијат и во очите и да предизвикаат промени во нашиот вид – рече Сем и објасни:

– Окуларниот меланом може да биде тешко да се забележи се додека навистина не напредува, а симптомите вклучуваат заматен вид, обезбоени дамки и зголемен број на лебдечки линии – линии што некои од нас ги имаат во очите. Се препорачуваат редовни очни прегледи, бидејќи тие често се најдобриот начин за откривање на окуларен меланом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi