Не фрлајте го талогот од кафе: Наместо да заврши во мијалникот или ѓубрето, МОЖЕ ДА БИДЕ ВАШ СОЈУЗНИК ВО ДОМАЌИНСТВОТО

24 мај, 20220
a4f136ec706648e5538f976241ddcb62532a3da4

Меѓу другото, помага во чистење и отстранување на маснотиите и нечистотијата од кујнските и другите површини

Талогот од кафе посипете го на нечиста површина, а потоа добро истријте со четка, а лесно и брзо ги отстранува тврдоглавите остатоци од храна.

Талогот од овој црн пијалок совршено ги чисти загорените тенџериња и ринглите на шпоретот. Само немојте да го користите на светли гранитни или мермерни плочи, бидејќи неговата боја може да навлезе во порозни површини.

Верувале или не, кафето е и природен омекнувач на месото. Кујнската сол, природните киселини и ензимите од кафето ги прават мускулите на месото помеки, но и го подобруваат вкусот на оваа храна. Искористеното мелено кафе измешајте го со сувите зачини и нанесете го на месото најмалку два часа пред подготовката.

Талогот од кафе ќе им одговара и на вашите растенија бидејќи е богат со азот, но содржи и фосфор, калиум, железо, калциум и магнезиум – што го прави евтино ѓубриво за градината. За да направите домашно растително ѓубриво, измешајте талог од кафе со други органски материи, како што се искосена трева, кафени лисја, кафеаво ѓубриво или слама.

Растенија кои добро реагираат на талогот од кафе се боровинки, зелка, соја, домати, пченка, рози, камелии, рододендрони и азалеи. Но, експертите советуваат да бидете внимателни со младите садници и семиња, бидејќи премногу кофеин може да им наштети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *