Не фустан, не фризура, туку насмевка: Кејт Хадсон и Голди Хан покажаа кои се најважните работи кај жената

21 ноември, 20220
kate-hudson-and-goldie-hawn-3-830x0

Актерките Кејт Хадсон и Голди Хоун се две многу популарни дами, а кога оваа мајка и ќерка се појавуваат заедно на некој јавен настан привлекуваат големо внимание. Иако Голди е 33 години постара од својата ќерка, многумина велат дека нејзината харизма и шарм ја минимизираат разликата.

И на премиерата на филмот „Glass Onion“ ги украдоа сите симпатии на публиката. Кејт се појави во блескав фустан дизајниран од либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, кој ја дизајнираше и венчаницата на Тифани Трамп.

Фустанот е направен да покрива сè освен главата, а лелеавите ракави и задниот дел кој се влече навистина го прават овој фустан магичен.

За фустанот уште повеќе да се истакне, Кејт својата руса коса ја врза во пунџа.

За разлика од неа, Голди се одлучи за сиво-црна комбинација. Имено, таа носеше свилена црна маичка над која носеше црн капут со сребрени украсни детали. Голди се одлучи и за црни тесни панталони, а целиот стајлинг е „зачинет“ со металик чизми.

Покрај празничниот стајлинг, овие две дами покажаа дека кај жената најважна е само едно – искрената насмевка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi