Никако не го фрлајте зелениот дел од младиот лук: 4 здравствени причини зошто треба да го јадете секој ден!

3 мај, 20220
mladi-luk-povrce-luk-830x0 (1)

Сезоната на млад кромид е во полн ек, а покрај магичниот вкус кој додава на топлите и ладните јадења, овој зеленчук е многу богат со витамини и минерали, а има многу важна улога во заштитата на здравјето.

Младиот кромид има антибактериски својства, па штити од воспаленија, помага при настинки и е одличен за забрзување на варењето.

Зелениот дел од младиот кромид, кој повеќето го фрлаат, всушност треба да се јаде, бидејќи содржи многу состојки кои се корисни за нашето здравје.

Главните четири причини за консумирање млад кромид секој ден:

1. Добро е за видот

Заштитува од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеин во очите, кој е одговорен за добар вид. Луѓето кои имаат недостаток на овој витамин може да имаат проблеми со ноќно слепило и други нарушувања.

Еден млад кромид содржи околу три проценти од дневните потреби за витамин А.

2. Ги зајакнува коските

Витамините Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и 2 отсто од витамин Ц. И двата се важни за густината и јачината на коските.

Нивниот недостаток ги зголемува шансите за развој на остеопороза и скршеници.

3. Го штити срцето

Младиот кромид е полн со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување предизвикано од слободните радикали. Освен тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници, а експертите велат дека го намалува ризикот од згрутчување на крвта.

4. Го намалува холестеролот

Ова особено се однесува на зелениот дел на младиот кромид, таканаречените пердуви. Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi