Оваа фотографија дефинитивно докажува дека пејачките користеле некаков фотошоп и во 90-тите.
Крзно, злато, долги нокти, руса коса – незаменливата мода од 90-тите. Фотографот очигледно имал идеја младата пејачка на почетокот на кариерата да му позира во гламурозно издание, достојно за вистинска дива. Сепак, се чини дека се заиграл при обработката на фотографијата, бидејќи тешко некој може да погоди за кого станува збор.
Ова е познатата пејачка Јелена Карлеуша која денеска ја гледаме на сите насловни страници. Некогаш слатка русокоса, а денес вистински моден магионичар и шоумејкер, Јелена дефинитивно не личи на себе на оваа стара фотографија.
Поради обработката, а особено „пеглањето“ на лицето, младата Јелена изгледа многу постаро, како жена во зрели години.
Но, во секој случај, денес може да се пофали со беспрекорна фигура и изглед, а грешката од почетокот на кариерата не се повторила, па нејзините фотографии на Инстаграм предизвикуваат воздишки и кај мажите и кај жените.
Покрај изгледот, Јелена многу напредуваше и во модниот стил и денес поставува модни трендови на регионалната јавна сцена. Секогаш ископува нешто ново, интересно и неочекувано.