НИКОГАШ не треба да пиете вода СТОЕЈЌИ! Еве зошто е важно

31 март, 20220
537491_x19466_f

За правилно функционирање на нашето тело, потребно е да пиеме најмалку осум чаши вода во текот на денот

Ова правило горе-долу им е познато на сите бидејќи лекарите секојдневно ни порачуваат да се грижиме за хидратацијата, особено во текот на летото.

Но, според Ајурведата, традиционална индиска медицина, треба да се грижиме и за начинот на кој пиеме вода.

– Доколку не ја пиете на вистински начин, тоа може да биде причина за некои здравствени проблеми. Затоа, треба да избегнувате да пиете стоејќи или движејќи се. Ако ја пиете од нога, течноста се лизга директно до цревата и не се апсорбира доволно, па побрзо чувствувате жед, но и последиците од побавната работа на некои органи – пренесува „Ридерс дигест“.

КОЛКУ ВОДА ВИ ТРЕБА

Една од многуте „формули“ со кои можете да пресметате колку чаши вода ви се потребни дневно ги зема предвид вашата тежина и возраст. Тие два броја треба да се помножат со одреден коефициент, па да се подели со 226,4.

Ако сте под 30 години, помножете ја вашата тежина со 40.

Ако имате од 30 до 55 години, помножете се со 35.

Ако имате над 55 години, помножете ја тежината со 30.

Експертите советуваат да пиете вода во седечка положба во мали голтки, бидејќи тогаш мускулите се поопуштени, а доколку не го направите тоа, прво може да имате проблеми со варењето, а потоа и со зглобовите и мочниот меур.

– Ако пиете вода стоејќи, тоа создава проблеми во долниот дел на хранопроводот, поради што се создава киселина. Мускулите на органите за варење забавуваат, доаѓа до доцнење на варењето на храната, а со тоа и надуеност. Нерамнотежата на течноста во телото доведува до нејзино таложење околу зглобовите, а бубрезите работат побавно, па токсините подолго остануваат во телото – објаснуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi