
Џенифер Лопез позираше во провокативно издание за новата кампања на брендот за долна облека Intimissimi.
За нејзиниот изглед се одговорни стилистите Роб Зангарди и Мариел Хаен, фризерот Ендру Физимонс и шминкерот Скот Барнс.
Во септември беше објавено дека пејачката е новото заштитно лице на споменатиот италијански бренд.
Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.
„Сакаме да го прошириме бизнисот. Нашата цел е да стекнеме клиенти во Америка. Овој пазар е многу различен од италијанскиот, но сигурен сум дека ќе успееме да ја постигнеме нашата цел”, изјавил сопственикот на Intimissimi, Сандро Веронези.
Потсетуваме, вчера беше објавена веста дека бракот на Џенифер Лопез и Бен Афлек е во криза. Тие наводно повеќе не живеат заедно поради бројни несогласувања.
Нивната неодамнешна венчавка беше прославена двапати, прво во тајност во Лас Вегас, додека втората прослава, официјална за медиумите и достоинствените личности, беше одржана во огромниот и раскошен замок на Афлек во Џорџија.