
Откако ќе ја достигнете возраста кога полека се појавуваат првите седи влакна, тогаш првото нешто на кое помислуваат сите луѓе, особено жените, е фарбањето. Некои имаат навика да ги скубат овие сивкасти влакна. Меѓутоа, дали скубењето на седите влакна всушност го решава вашиот проблем или само ги влошува работите?
Многумина мислат дека на местото каде сте извадиле седо влакно ќе се појават неколку нови. Сепак, според тврдењата на фризер Мирза Батановиќ, тоа е само мит.
„Би сакал да е вистина, бидејќи така би било многу полесно да се справите со опаѓањето на косата“, вели тој и додава: „Со скубењето на едно влакно не расте повеќе коса, а и таа идеја нема никаква основа во науката. Нормално е да губите до 159 влакна на ден, но во основа тие не се поврзани никако”.
Иако отстранувањето на седата коса може привремено да направи да изгледате помладо, тоа може да предизвика првут и да го оштети вашиот скалп. Фризерката Џенифер Кораб го објасни овој феномен вака:
„Ако ја корнете косата, тоа може да го иритира фоликулот, што може да доведе до инфекција.“
Кога ќе откорнете седо влакно, откинатата коса ќе се одмори и ќе го започне својот следен циклус на раст за околу три месеци, вели Мајкл Ван Кларк, фризер од Лондон, кој додава: „Во секој циклус од околу 20 години, косата повторно расте, но потоа е потенка и станува нешто пократка.“