НОВИОТ ПОРТРЕТ НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: ШТО ПОРАЧУВААТ ТИЕ? Фотографирани се пред погребот на кралицата, а насмевките никогаш пошироки

3 октомври, 20220
Screenshot_3

На него можеме да ја видиме кралицата Камила, со новоизбраниот крал Чарлс Трети, како и принцезата од Велс Кејт Мидлтон, со нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

 

 

Кралот Чарлс Трети го презеде тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст.

 

Првата фотографија, како што британските медиуми ја нарекоа „фантастична четворка“, беше официјално објавена, а на неа можеме да ја видиме кралицата Камила, со новоизбраниот крал Чарлс Трети, како и принцезата од Велс Кејт Мидлтон, со нејзиниот сопруг принцот Вилијам.

 

Фотографијата е создадена вечерта пред погребот на кралицата, на настанот одржан за шефовите на странските држави и странските гости во Бакингемската палата.

 

Чарлс Трети и принцот Вилијам носеле црни костуми, бели кошули и црни вратоврски, додека Кејт и Камила биле во црни фустани, кои беа соодветни за ситуацијата во која се нашле.

 

 

Погледнете го портретот ТУКА

 

 

Инаку, оваа четворка требаше да ги вклучи принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, но поради нивната разделба и преселба во Калифорнија, тие повеќе не се дел од оваа заедница.

 

Хари, Меган и принцот Ендру не беа присутни, бидејќи настанот беше само за членовите на кралското семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi