
Специјалист за исхрана открива кои се помалите промени кои ќе ви го подобрат животот.
Иако може да изгледа тешко да се промените и да воведете промени, тоа всушност не е така.
Потребно е да се тргне од помали, но важни чекори, чија важност ја истакнува нутриционистката Наташа Џукиќ:
– За големо подобрување на здравјето (и изгледот), потребно е само да направите неколку мали промени во вашата секојдневна рутина!
Применете ги овие совети во пракса – вашето тело ќе ви се заблагодари – истакнува нутриционистката.
Наместо: Грицкање во текот на денот
Применете: Редовни оброци, на секои 4 часа
Наместо: Пиење пијалок додека јадете
Применете: Пиење течности 30 минути пред или после јадење
Наместо: Хронична ненаспиеност
Применете: Здрав сон, за повеќе енергија
Наместо: Јадење „од нозете“ секој ден
Применете: Џвакање темелно и јадење во мир
Наместо: Неквалитетни растителни масла
Применете: Извори на здрави масти
Наместо: Пиење неколку кафиња дневно
Применете: Пиење квалитетни чаеви