Вклучете ја стоперката и дознајте колку време ви е потребно да го пронајдете
Љубителите на овие загатки ќе мора да се вооружат со трпение и да одвојат неколку минути за да можат да дојдат до решението што се бара од нив. Имено, на илустрацијата пред вас има грст црно-бели таблети, но и едно животно.
Да, добро прочитавте. Едно животно е вешто скриено на оваа илустрација, а на вас останува да го пронајдете.
Она што ви ја отежнува задачата е тоа што и животното е црно-бело исто како и таблетите, па затоа треба навистина да се потрудите.
Ако ви треба мала помош, ќе ви откриеме дека животното што треба да го најдете е панда и се гледа само нејзината глава.
Дали успеавте?
Ако не, погледнете го решението подолу.