Обликувањето на веѓите може да го промени вашиот изглед! Тенки веѓи – уморно лице

6 мај, 20220
523427_x20508_f

Убаво обликуваните веѓи создаваат подобар ефект од која било шминка

Од друга страна, ако не знаете како правилно да ги негувате, може да ве „уништат“.

Несредените веѓи создаваат впечаток на неуреден изглед, очите не се забележуваат, а лицето изгледа уморно, додека со убаво дотерување секоја жена изгледа свежо и малку помладо.

Козметичарите тврдат дека секоја грешка може да се исправи. Наједноставниот начин е жените, а особено девојките кои штотуку почнуваат да се негуваат, при обликувањето на веѓите да побараат совет од професионалци, а потоа самите да продолжат да ги одржуваат.

Еве на што да обрнете внимание.

Претерано истенчување: Повеќето жени лесно се занесуваат кога ќе ја земат пинцетата во раце. Ако веѓите се премногу тенки, очите не доаѓаат до израз, а лицето добива уморен изглед. Во споредба со многу тенките веѓи кои беа во мода, денес се цени природниот изглед, па дури и светските модели имаат полни веѓи – најголемата ѕвезда на модните писти, Британката Кара Делевињ, но и војвотката Кејт Мидлтон.

Цртање на веѓите со темно моливче: Ако веѓите ви се ретки и слаби, не посегнувајте по темен молив. Ќе го избегнете неприродниот изглед со користење на молив кој е приближно две нијанси посветол од бојата на вашата коса.

Премногу кратење на влакната: Кога сакате да нацртате природна линија на веѓите, тоа можете да го направите така што прво ќе ги средите со четка, а потоа внимателно ќе ги скратите предолгите влакна со ножици. Ако ги скратите премногу, ќе го уништите природниот облик на. За да го избегнете ова, немојте да работите набрзина. Кратете ги влакно по влакно и не допирајте ги оние со нормална должина.

Прекраток лак на веѓите: Кратките веѓи изгледаат помалку елегантно од оние со природна должина што ја следат контурата на окото. Можете лесно да го одредите местото каде треба да заврши веѓата така што со прстите ќе го пронајдете крајот на коската над окото. Ако завршуваат пред крајот на таа коска, треба да ги оставите влакната повторно да пораснат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi