
Руменилото е речиси незаменлив дел од шминката доколку сакате да постигнете совршен изглед на лицето.
Се нанесува на самиот крај на шминката, а местото каде што ќе го нанесете зависи и од тоа кој дел од лицето ќе го истакнете.
Иако обично го мислиме бронзерот како оној што му дава печат на лицето и истакнува одредени делови, руменилото го има речиси истиот ефект.
Една ТикТокерка покажа како целиот изглед на лицето зависи од местото каде што го нанесувате руменилото.
@meganlavallie Blush is my favorite part 🥰#makeuptipstiktok #makeuptutoriual #blush #rarebeautyblush
Така, ако го нанесете на самиот агол под окото, постигнувате визуелно подигнување на јаготките, а најчест начин на нанесување е на јаготките, што му дава на лицето исполнетост. Можете да го користите и за контурирање, така што ќе го нанесете на вообичаеното место каде што нанесувате бронзер – под јаготките, од средината на образите до ушите.
Доколку сакате да го постигнете сјајот и бојата на лицето, нанесете го руменилото во центарот на образите и добро изблендирајте го со четка.