Првата епизода ќе биде достапна на 14 април оваа година
Стриминг сервисот „Хулу“на платформата Јутјуб го објави првиот трејлер и датумот на премиерата на долгоочекуваната нова серија „ The Kardashians “.
Првата епизода ќе биде достапна на 14 април оваа година.
– Семејството што го познавате и го сакате е тука со сосема нова серија, која ви дава сосема нов пристап кон нивните животи. Крис, Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли се вратија пред камерите за да ја откријат вистината зад насловот – стои во синопсисот на серијата.
Како што веќе се навикнати фановите на најпознатото семејство, животот на мајката Крис и ќерките Ким, Кендал, Клои, Кајли и Кортни ќе бидат претставени како „на чинија“.
Секако, серијата ја следи турбулентната врска меѓу Ким и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Канје, но и развојот на нова љубовна приказна – Кортни и помладиот музичар Тревис.
Кортни открива дека планира бебе со Тревис, а снимката од трејлерот ја покажува на клиника додека музичарот ја држи за рака.
Секако, неизбежни теми се бременоста на Кајли Џенер, која неодамна се породи, како и новото неверство кое Клои го доживеа од Тристан Томпсон.