Оваа фризура моментално е НАЈПОПУЛАРНА: Старите трендови се враќаат на ГОЛЕМА ВРАТА, на жените им даваат посебен ПЕЧАТ

27 март, 20220
cefb4e563021a178f28e_n7d

Оваа фризура го нагласува најубавото на лицето

Пролетта е вистинско време за експериментирање со косата, а една фризура деновиве стана особено популарна.

Станува збор за таканаречниот француски боб, кој е идеално решение доколку сакате да постигнете бунтовен и шик изглед.

Сите боб фризури се многу слични. Францускиот боб се разликува по тоа што должината оди до усните, а шишките се рамни, малку над веѓите. Поради својата должина, оваа фризура ги нагласува јагодиците и ги истакнува очите. Ќе го освежи вашето лице и ќе му даде младешки изглед, па затоа е идеална за жени кои имаат над 40 години.

Најчесто се носи неуредна боб фризура за да се постигне природен, младешки, „кул“ и бунтовен изглед.

Овој начин на обликување на косата беше особено актуелен во текот на дваесеттите и 30-тите години на минатиот век.

Дамите со овално и лице во форма на срце ќе изгледаат одлично, додека оние дами кои имаат тркалезно лице треба да го избегнуваат, бидејќи ќе изгледаат пополни во лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi