Оваа храна можете да ја јадете БЕЗ ГРИЖА НА СОВЕСТ навечер: Имаат малку калории, а и ќе заспиете полесно!

5 јули, 20220
31769_shutterstock-561901111_f

На сите ни се има случено понекогаш да бидеме гладни доцна навечер, но често само ни е досадно. Постојат некои грицки кои нема да ви наштетат, дури и ако сте на диета.

Многу од овие намирници дури содржат компоненти кои ќе ви помогнат да спиете добро, вклучувајќи триптофан, серотонин, мелатонин, магнезиум, калциум…

Еве што можете слободно да јадете навечер:

Банана со бадем

Мала банана со незасладен путер од бадем е вкусно благо од 165 калории кое дури и ќе ви помогне да заспиете. Едно истражување покажало дека после јадење две банани, мелатонинот во крвта се зголемува, како и бадемите и путерот од бадеми. Покрај тоа, тие се извор на здрави масти, витамин Е и магнезиум (кој е добар и за спиење).

Киви

Две излупени киви имаат само 93 калории, но содржат и влакна и се одличен извор на витамин Ц. Покрај тоа, тие се и природен извор на серотонин.

Ф’стаци

Ф’стаците се издвојуваат по високото ниво на мелатонин, не се калорични, а многу се вкусни.

Гоџи бобинки

Богати се со антиоксиданси, вклучително и каротеноиди, а со нив убаво ќе спиете! Јадете ги сами или во каша или мусли.

Крекери и сирење

Ужината богата со јаглени хидрати и протеини, како што се крекерите од цели зрна, помага во одржување на нормално ниво на шеќер во крвта. Кога ги јадете со сирење (на пр. чедар), полесно е да заспиете.

Јогурт

Тој е извор на калциум, ги штити нашите коски, а грчкиот јогурт е особено богат со протеини. Уште повеќе, консумирањето казеин протеин во текот на ноќта помага да се намали гладот ​​наутро!

Семки од тиква

Богати се со магнезиум, а можете да ги јадете со половина јаболко или суво грозје.

Јагоди

Јагодите се извор на витамин Ц и мелатонин и се одлична закуска доцна во ноќта со помалку од 200 калории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi