
Дали нешто ве мачеше во претходниот период? Дали долго време се обидувате да откриете што точно ви треба за да започне и да напредува вашиот живот? Овој тест ќе открие како навистина стојат работите…
- Лав
Ова ја симболизира вашата потреба да имате контрола над вашата судбина. Лавот е симбол на Сонцето – крајниот извор на моќ. Овој избор покажува дека сте направиле сѐ за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробени и како да не можете да продолжите понатаму. Загрижени сте што и како да продолжите и дали требаше да тргнете по друг пат.
Мора да прифатите дека вашиот живот е токму онаков каков што треба, а кога ќе се помирите со него, ќе ви се отворат други начини и можности. Сите ваши избори досега се направени со причина и треба да се усогласите со тоа сознание.
- Песочен часовник
Ако сте одбрале песочен часовник, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Свртени сте кон минатото и кон некое болно искуство што ве држи таму. Се чувствувате како полека да се давите, немате енергија и се помиривте со фактот дека животот не е лесен и убав.
Ако можете, треба да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете посилни од порано и сите трагедии се всушност лекции за иднината. Живејте во сегашноста, бидејќи кога ќе го научите тоа, времето ќе ви стане пријател.
- Месечина
Изборот на симболот на Месечината открива дека вашето срце во моментот е како бојно поле. Нешто моќно длабоко во вас не ви дозволува да имате мирен сон или целосно ве мачи несоницата. Дали е тоа омраза, гнев или само страст?
На вашиот дух му треба мир и најдобар начин да го направите тоа е искрено и отворено да ги изразите своите емоции. Признајте си себеси и на другата страна како се чувствувате. Кога не се тајните, емоциите не нѐ издаваат, а нивното прикривање секогаш носи повеќе штета отколку добро.
- Клуч
Ако сте го избрале клучот, тоа значи дека на вашиот дух очајно му требаат одговори. Сè во што мислевте и верувавте одеднаш беше ставено на тест. Можно е да сте уморни од потрагата по вистината и точните одговори. Можеби дури и ви здодеа сето тоа.
Време е да ја запознаете другата страна на животот преку нови авантури. Наскоро ќе ви се случат одредени настани кои ќе ви помогнат да го совладате тековниот период. Потребно е да се патува некаде, макар и на еден ден.
- Рака
Изборот на овој древен симбол покажува дека сте опкружени со негативна енергија. Вашиот дух се обидува да се ослободи од него, а доколку забележите дека ви се случуваат чудни работи, тоа се знаци дека нешто внатре се обидува да ве предупреди за ситуацијата.
Но, интересно е што отсекогаш сме биле заробени од зли сили, но и секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа. Патот до ослободувањето значи простување и љубов, прво за себе, а потоа за другите. Најдете време за луѓето што ги сакате и опуштете се.