ОВА Е МОДЕЛ НА ФАРМЕРКИ КОЈ СТАНА ХИТ ОВАА СЕЗОНА Тие се со крајно необичен крој, најпознатите трендсетерки полудеа по нив

popara13 април, 20221min00
Screenshot 2022-04-13 215102

Фармерките дизајнирани од брендот „Mugler“ стануваат неизбежен тренд оваа пролет

Фармерките се убедливо на врвот кога се во прашање најпопуларните модели – тие се удобни, малку пошироки и со средно висок струк.

Се чини дека тотално тесните фармерки станаа „passe“, а нивниот трон го зазема овој модел.

Иако малку потсетува на трендот кој владееше пред две децении, тој се најде во гардеробите на најстилизираните дами. Тексасот помешан со црн дел кој ги следи задникот и бутовите во помалку спирален облик, дефинитивно дава оригинален печат.

Screenshot 2022-04-13 215600
Screenshot 2022-04-13 215615

Една од регионално најпознатите блогерки, Дуња Јованиќ, позираше во минатогодишниот модел на овие фармерки, кој ги освои и светските модни икони.

Овој модел го прошетаа и Бела Хадид и Ирина Шајк. Фармерките се направени од удобен и растеглив материјал, па освен ефикасниот естетски мотив, нема да ви пречи да поминете неколку часа во нив.

Додека Дуња Јованиќ одлучила овие фармерки да ги искористи за професионално снимање, Ирина Шајк реши да ги искомбинира со основни парчиња од нејзината гардероба.

Како што овој модел станува сè попопуларен, можеме да очекуваме да се појават различни варијанти, бои и форми.