Овие евтини индиски трикови за лице без брчки ќе ви дадат нов изглед!
Индијките се познати по долгата, густа и силна коса, како и убава, чиста и затегната кожа. Без разлика колку години имаат, секогаш делуваат младешки. А за тоа се заслужни природните лекови и третмани. Својата автентична убавина ја одржуваат преку следните пет чекори, за кои воопшто не ви се потребни многу пари. Со нив заборавете на забележливите брчки.
Имено, најважно им е чистење на лицето, негувана кожа и внатре и надвор и хидратација.
Самомасажа
Оваа релаксирачка техника во индиските ритуали за убавина се користи со векови, а за неа најчесто се користи масло од сусам. Посебно се препорачува за нега на кожа, коса, заби, па дури и после сончање. Кога ќе го масирате лицето со ова масло, вашата кожа ќе биде нахранета и свежа. Посебно е добар за дамите со сува кожа.
Консумирање зовриена вода
Хидратацијата е најважното правило за нега на кожата за Индијките. Водата треба да биде зовриена и топла и да се пие во мали голтки. Бидејќи ако испиете многу вода одеднаш, таа само ќе „помине“ низ телото, односно брзо ќе ја исфрлите од телото, додека помалите голтки гарантираат дека водата ќе стигне точно каде што треба и ќе го хидрира организмот.
Чај од ѓумбир
Напиток за детоксикација кој е еликсир за вашата кожа. Ѓумбирот е богат со гинџерол, антивоспалително соединение, има витамини и минерали и делува како одличен антиоксиданс. Оваа неверојатна храна го промовира производството на колаген и на тој начин ја спречува појавата на нови брчки и ги намалува постоечките.
Моркови
Морковите се една од најважните намирници за оние кои сакаат на својата кожа да ѝ обезбедат огромна количина на хранливи материи. Најважната состојка на овој зеленчук секако се каротеноидите, супстанции кои даваат златна боја, штитат од УВ зрачење и надворешни влијанија. Постојат и соединенија наречени полиацетилени, кои го ублажуваат воспалението. Индијките консумираат варени моркови, а многу е важно да не ги загревате повторно.
Физичка активност
Физичката активност е многу важна за убавината на кожата. Тогаш се потиме и на овој начин насобраните токсини се исфрлаат од телото и кожата. И не само тоа, со вежбање се ослободуваме од стресот кој е еден од главните поттикнувачи за стареење и појава на брчки.