Овие намирници ГО ЗГОЛЕМУВААТ производството на КОЛАГЕН: Одлични се за КОЖАТА и отстранување на брчките, но и за обновување на важен ПРОТЕИН

18 март, 20220
OIP

Овие четири намирници играат клучна улога кога станува збор за производството на колаген.

Колагенот е протеин кој е неверојатно важен за одржување на младоста на кожата. Како што старееме, колагенот се разградува и се губи еластичноста на кожата. Постојат многу навики и процеси кои придонесуваат за појава на знаци на стареење, а со тоа и намалување на нивото на колаген.

За среќа, одредени намирници можат да помогнат во обновувањето на овој важен протеин.

Риба

Рибата, особено морската, е богата со минерали кои се одговорни за производството на колаген, како што е цинкот. Содржи и многу омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на влажноста и еластичноста на кожата.

Чиа семе

Чиа семето е иднината на убавата кожа, пред се поради неговите неверојатни својства. Омега-3 масните киселини со кои се богати делуваат против акни и брчки, но многу поволно делуваат и за побрз раст на косата и ноктите.

Зелен зеленчук

Речиси сите зелени зеленчуци содржат хлорофил, пигмент кој го зголемува нивото на проколаген во телото. Хлорофилот ја штити кожата од стареење, бидејќи телото го користи за борба против слободните радикали и УВ зраците кои ја оштетуваат кожата.

Домат

Богат е со ликопен, кој ја штити кожата од УВ зраците и ја стимулира синтезата на колаген. Сè што ви треба за здрава, мазна и кожа без акни се свежи домати.

Доматот е богат со витамини, како што се А, Ц, Е, К и Б6, кои на кожата и ја обезбедуваат потребната исхрана. Со секојдневно консумирање домати, кожата на лицето ќе стане сјајна и мазна, акните ќе исчезнат како и лузните од акните. Киселоста во доматите може да помогне и да ги балансира pH вредностите на вашата кожа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi