Овој пијалок е НАЈЛОШ за вашето срце: Ако сте постари од 40 години, веднаш заборавете го, може да биде ФАТАЛЕН

popara11 септември, 20221min00
24054_drinks-g979b110d9-1280_f (1)

На прво место е румот помешан со Кока-Кола. Во интервју за списанието Eat This, Not That, д-р Лиза Јанг додаде дека всушност секој алкохолен пијалок во комбинација со газирани пијалоци е нездрав за срцето.

Истражувањето неодамна објавено во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека оние кои редовно консумираат газирани пијалоци имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Во комбинација со алкохол, тие можат да бидат фатални.

Друг пијалок што треба да се избегнува е Пина Колада.

„Се прави со рум, сок од ананас и кокосово млеко, кои се богати со шеќер и заситени масти“, вели Јанг.

Заситените масти го зголемуваат нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, што доведува до компликации на срцето.

Друг нездрав пијалок е Лонг Ајленд бидејќи е богат со шеќер и калории.

„Содржи алкохол, сируп, кока-кола и неколку други слатко-кисели состојки кои се штетни за срцето“, вели таа.

Ледениот чај од Лонг Ајленд е вкусен и дефинитивно ќе ве опие многу побрзо од повеќето коктели, но бидете внимателни бидејќи вишокот шеќер и алкохол сепак не се добра идеја.